Леброн Џејмс го престигна Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци!

Леброн Џејмс го престигна Мајкл Џордан на вечната листа на стрелци!

Сосема сигурно дека Леброн нема да го стигне Мајкл Џордан по бројот на освоени титули во НБА лигата, но затоа веќе го престигна во највредната статистичка рубрика, на вечната листа на стрелци.

Кралот Џејмс од денеска е четврти најдобар стрелец во НБА првенството. На синоќешниот меч против Денвер на Леброн за тој подвиг му беа потребни само 13 поени, а ги достигна во втората четвртина.

За споредба, на Џордан поените се 32.292 а му требаа 1072 натпревари, додека на Џејмс за истите поени, му требаа 1190 натпревари.