Леа Мишел со огромен дијамант откри дека се вери

Леа Мишел со огромен дијамант откри дека се вери

Ѕвездата од ТВ серијата “Glee”,31 годишната глумица, Леа Мишел на Инстаграм објави среќна вест, односно таа сподели фотографија од вереничкиот прстен кога му рекла “да” на бизнисменот Зенди Рејч со кој е во врска од минатото лето.

Таа се пофали на Инстаграм со фотографија од вереничкиот прстен со 4 каратен дијамант, открива нејзиниот агент за односи со јавноста за магазинот “People”. Само во еден ден фотографијата собрала речиси 900 илјади лајкови.

Yes ?

A post shared by Lea Michele (@leamichele) on

Леа, која зад себе има трагична љубовна приказна со поранешното момче Кори, таа со Зејн конечно пронашла среќа, љубов и мир. Да Ве потсетиме дека глумицата од 2012 до 2013 година беше во врска со колегата од ТВ серијата “Glee”, Кори Монтеит.

Меѓутоа, во јули 2013 година, безживотното тело на Кори било пронајдено во хотелската соба во Ванкувер во утринските часови. 31 годишниот глумец и пејач со години се борел против зависност, а причина за неговата смрт беше комбинацијата на алкохол и хероин, која тој пат била смртоносна. Кори вечерта ја поминал со друштво во соба, бидејќи на масата имало неколку чаши и шампањ, а глумицата секогаш имала само убави зборови за него и истакнувала колку многу го сакла.

✨ Elton Oscars ✨

A post shared by Lea Michele (@leamichele) on

My Valentine ?

A post shared by Lea Michele (@leamichele) on