Лаутаро Мартинез наскоро во редовите на милански Интер

Лаутаро Мартинез наскоро во редовите на милански Интер

Лаутаро Мартинез потврди дека наскоро ќе се пресели во редовите на милански Интер со што практично стави крај на трансфер сагата.

Италијанските медиуми нешто порано соопштија дека Интер го договориле трансферот на Мартинез, а неговиот менаџер исто така потврди дека напаѓачот ставил потпис на преддоговор со италијанскиот клуб, а во неговиот вистински договор кој ќе биде потпишан наскоро, ќе биде ставена откупна клаузула од 111 милиони евра.

Недолго после појавата на овие информации, се огласи и самиот Аргентинец кој што потврди дека се сели во милански Интер.

Интер ќе биде голем чекор во мојата кариера. Се е финализирано со Интер, останаа уште само некои детали – изјави младиот талентиран Аргентинец.