LAST MINUTE понуди: Трик на туристичките агенции или заштеда?

LAST MINUTE понуди: Трик на туристичките агенции или заштеда?

Секоја сезона туристичките агенции нудат LAST MINUTE понуди, па често се поставува прашањето, дали ова е навистина заштеда или пак е добар маркетиншки трик на агенциите?

LAST MINUTE понудите важат за поефтини од стандардните понуди кои ги имаат агенциите. Најчесто овие понуди се поефтини од 5 до 25 %, а некогаш се случувало овие понуди да се поефтини и за 50 %.

LAST MINUTE понудите најчесто зависат од побарувачката на одредена дестинација, реклами, желбата некои аранжмани да се продадат или пак често се оние апартмани или хотели кои останале неискористени целосно. Со цел да се намали губитокот, агенциите се спремни да ги намалат цените со цел да го продадат тој аранжман. Туристичките агенции, свесно одат на тоа да немаат заработка.

Според досегашното искуство на многу луѓе, LAST MINUTE понудите навистина се корисни и се исплаќаат и вреди да ги следите бидејќи може значително да заштедите.

Најдобриот период за да барате LAST MINUTE понуди е неколку дена пред самото патување. Најголем дел од ваквите понуди во летниот период се за месеците мај и јуни, а често и за крајниот дел на август.

Она што треба да го знаеме кога станува збор за LAST MINUTE понуда е дека немате одложено плаќање како кај стандардните. Вие ќе мора да ја платите целата сума одеднаш бидејќи тоа се понуди во последен момент. Но едно мора да знаете, дека вие ќе заштедите!

Ова е најголемата разлика од овие понуди и оние стандардните. Преку стандардните понуди вие имате повеќе време и повеќе избор на аранжмани, но со самото тоа вие ќе платите поскапо.