Land Rover ги поместува границите: Суперлуксузен SUV со две врати

Land Rover ги поместува границите: Суперлуксузен SUV со две врати

На неодамна одржаниот женевски авто-салон е претставена специјална, купе верзија од моделот Range Rover која ќе биде произведена во само 999 примероци.

Range Rover SV Coupe претставува новитет во SUV сегментот – станува збор за суперлуксузен автомобил со две врати кој е базиран на моделот Range Rover SV Autobiography Dynamic со четири врати.

Интересно е што SV Autobiougraphy изнесува околу 200 илјади долари додека Coupe, кој е нешто помал и со две врати, има почетна цена од речиси 300 илјади долари.

Тајната се крие во ексклузивноста на овој автомобил кој веруваме дека ќе ги усреќи неговите 999 купувачи. Во исто време, лимитираното производство на помалку од илјада примероци ќе допринесе овој автомобил да добие на вредност и ќе ги привлече богатите колекционери кои ќе бидат спремни да го поседуваат моделот.

Сите четири седишта во автомобилот изгледаат на удобни кожни фотелји, а внатрешноста е двобојна со тоа што предните седишта и дел од командната табла е во една нијанса, додека задните седишта се во друг тон.

Range Rover SV Coupe добива сила од 5.0-литарскиот V8 мотор со компресор кој произведува 565 коњски сили. Максималната брзина изнесува 265 километри на час, а автомобилот од 0 до 100 км/ч. пристигнува за нешто повеќе од 5 секунди.