Lamborghini Urus или Tesla Model X P100D?

Lamborghini Urus или Tesla Model X P100D?

Кој е подобар – автомобил кој има бензински агрегат или автомобил кој го покренува електричен мотор?

Електричниот Model X P100D ги шокираше сите кога успеа да прејде 400 метри за само 11,28 секунди, што им покажа на сите дека Илон Маск не се шегува и дека е во состојба да креира електрични автомобили кои можат да бидат исто толку брзи, ако не и побрзи од стандардните хиперавтомобили.

За да се тестира оваа теорија, моделот на Tesla застанал на линијата со неверојатниот Lamborghini Urus, кој му парира на Model X и кој спаѓа во истата класа. Двата автомобили не се суперавтомобили и не се спортски модели, но поседуваат сила и перформанси со помош на кои можат да остварат неверојатни забрзувања и максимални брзини.

Нема да ви откриваме премногу детали бидејќи сакаме сами да ја погледнете трката помеѓу овие два модели, но само ќе ви кажеме дека победникот “за влакно” ја однел победата.

Во продолжение, погледнете го видеото: