Новото Lamborghini Squadra Corse

Новото Lamborghini Squadra Corse

Уникатниот  примерок на супер спортистот од Санта Агата Болоња, со ознака  SC20 е најновиот проект на Lamborghini Squadra Corse и е направен за неименуван среќен купувач…

Специјално дизајнираниот „роудстер“ Lamborghini SC20 е најновиот проект кој излегува од Squadra Corse одделот. Тоа е уникатен производ кој е направен специјално за неименуван купувач, а е креиран во Lamborghini Centro Stile, а  автомобилот е правен по точните спецификации на купувачот кој бил вклучен во проектот уште од самиот старт.

Иако е дизајниран како hard-cor  возило за тркачките патеки со отворен покрив, новиот Lamborghini SC20 исто така има дозвола и за возење на патиштата, a го движи 6,5-литарскиот V12 мотор со моќност од 770КС при 8.500 вртежи во минута и 720 Nm максимален вртежен момент при 6.750 вртежи во минута. Моќта се испраќа на сите четири тркала (20-инчи напред, 21-инчи позади) преку оптимизиран седумстепен ISR менувач и централен електронски диференцијал.

Карбонската каросерија на SC20 е рачно намалена за да се достигне оптималниот проток на воздух, што резултира со удобно возење на отворено дури и при големи брзини, а не треба да се споменуваат и одличните аеродинамички перформанси.

Нагласениот преден сплитер се одликува со две перки, отворите за воздух на хаубата се инспирирани од оние на Huracan GT3 EVO, додека скулптурните страни на каросеријата потсетуваат на Essenza SCV12, а задниот дел пристигнува со голем карбонски спојлер кој може да се подеси во три различни позиции.

Екстериерот се одликува со Bianco Fu база, со контрастна Blu Cepheus „униформа“. Сличен концепт на бои може да се најде во внатрешноста, каде се наоѓаат Nero Cosmus и Bianco Leda површините.  Секако, тука се и карбонската прекривка за контролниот панел, панелите на вратите, централната конзола и тримот за управувачот, како додаток на самиот монокок. Во Lamborghini употребиле карбон и во изработка на школките на седиштата, прекриени со Алкантара и кожа.