ЛА Клиперс го шокираше шампионот!

ЛА Клиперс го шокираше шампионот!

Огромно изненадување направи екипата на Лос Анџелес Клиперс која го победи Голден Стејт на негов терен и израмни на 1-1.

Конечниот резултат беше 135-131, а Клиперс надополнија негатива од 31 разлика колку што имаа во третата четвртина. Серијата сега се сели во Лос Анџелес.

Во вториот натпревар од ноќешната програма Филаделфија го прегазуи Бруклин со 145:123 на крилјата на Џоел Ембид кој постигна 23 поени и 10 скока.