И Куртоа со свое мислење за голот на Јанузај

И Куртоа со свое мислење за голот на Јанузај

Белгија успеа да ја победи Англија со 1:0 и на тој начин го обезбеди првото место во групата, а мечот го реши Андан Јанузај кој испрати силен удар кон противничкиот гол кој го бранеше Пикфорд.

Чуварот на мрежата на Евертон ја придоби довербата на Саутгејт и се претвори во голмански број еден на англиската репрерзентација, но по првите две солидни изданија против Тунис и Панама, Пикфорд прими гол во ситуацијата кога според многумина можеше подобро да реагира.

Сега токму тоа го посочи и голманот кој беше на спротивната страна, Тибо Куртоа.

Голманот на Англија е 10 сантиметри понизок од мене. Јас ќе го одбранев тој удар, Пикфорд беше повеќе ги фрли нозете отколку рацете – вели Куртоа за белгиски Воетбал, изјава која се надоврзува на критиката од страна на Гери Невил.

Неговите нозе се веќе во вис кога се обидува да скокне, а притоа отиде да ја фаќа топката со погрешната рака. Тоа беше навистина чудна реакција и чуден гол – истакна Гери Невил.