Куртоа нападнат од навивачите на лондонскиот клуб!

Куртоа нападнат од навивачите на лондонскиот клуб!

Тибо Куртоа направи трансфер од Челзи во Реал Мадрид, а синоќа ја искористи приликата преку социјалните мрежи да се прости од навивачите на лондонскиот клуб.

Тој меѓу останатото им се заблагодари на сите во клубот на преубавите моменти кои ги минал таму, а исто така порача дека една од главните причини за заминување било тоа што сакал да биде поблиску до своите деца кои живеат во Мадрид.

Сепак, на голем број навивачи на Челзи не им се допадна фактот дека Куртоа си заминува, па неговата порака ја дочекаа на нож и го нарекоа змија.

По бројните негативни коментари, белгискиот голман беше приморан да ја избрише објавата.