Купете личен спинер на Ким Кардашијан за само 15 долари

Купете личен спинер на Ким Кардашијан за само 15 долари

Спинерите станаа апсолутен хит оваа година, па така на сите страни можеме да видиме деца кои ги вртат во рацете, како би се ослободиле од стресот, а не е ретка појава дека ги гледаме и меѓу оние кои не се тинејџери.

Ким Кардашијан не би била Ким доколку не би намирисала добар бизнис, па така одлучи да продава спинери во облик на долар со опис тато во средниот круг.

Всушност засега се работи само за еден примерок, кој е нејзин личен, и кој е понуден по цена од 15 долари, но познавајќи ја реалити ѕвездата нема сомнеж дека наскоро ќе извади цела серија доколку ве смирува нешто што има лице  на Ким Кардашијан.