„Кум 3” e снимен само поради парите

„Кум 3” e снимен само поради парите

Френсис Форд Копола, познатиот холивудски режисер, откри дека третото продолжение на познатата филмска сага „Кум” е снимено од чисто егзистенцијални потреби на режисерот.

 

Филмот снимен во 1990 година се смета за најслаб во целата трилогија, и покрај бројните номинации за Оскар.

Во едно интервју од 2001 година, Копола призна дека ја вратил познатата мафијашка сага исклучиво за да обезбеди финансиска сигурност за себе и за своето семејство.

„Банкротиравме. Во одреден момент сфаќаш дека овие филмови, како „Апокалипса” и филмовите „Кум” многу добро поминаа кај публиката, иако во времето кога излегоа  и не беа нешто посебно”, призна режисерот.

„На некои луѓе им се допадна, а на некои не. Во тоа време не знаев што да правам. Мислев на  многу работи, и одеднаш тогашниот шеф на студиото „Парамаунт” предложи: Зошто не снимиш „Кум 3”?”

„Размислував за тоа и сфатив дека би можел да направам договор кој би ме вратил. Се чувствував дека ѝ должам на жена ми да заработам пари и да ставам нешто на страна, за неа, да го сочувам нашиот дом, и така одлучив да го сторам тоа“, рече Копола.