Куќа на брегот на Сен Тропе

Куќа на брегот на Сен Тропе

Архитектот Венсан Кост, кој можеби благодарение на тоа што исклучително добро го познава овој терен затоа што е роден во Сан Тропе, успешно го изведе овој архитектонски потфат.

Белата вила од 200 квадрати одлично ја изгради на терен со голема косина, а притоа не изгуби ништо од она што се очекува во овој регион од една вила – најширокиот можен поглед на Медитеранското море.

Интересната композиција на независни волумени овозможува игра на перспективата. Секој од овие волумени функционира како павилјон кој овозможува добро раководење со површината за комуникација во внатрешноста на вилата. На тој начин се добиени пет спални соби на површина од 120 квадратни метри.

Надворешно гледано, големата дрвена конструкција, како составен дел од архитектонската замисла, обезбедува заштита од сонце на отворениот простор и овозможува надворешните простори да се разликуваат еден од друг.

Целата конструкција е посебно проучувана за да одговори на барањата за одржлив развој. Големата тераса е многу важна за овој потег на Азурната обала, бидејќи на неа најчесто се одвива дневниот и ноќниот живот, преливајќи се во базенот кој од друга страна пак, се прелива во морето.