Кристина Поптрпева во убаво и жеско издание во новиот спот

Кристина Поптрпева во убаво и жеско издание во новиот спот

До сега ја знаевме како Кристина Поптрпева, а од сега ќе заплива и во музичките води под името Кристина Поп!

Оваа млада манекенка навистина неуморно и амбициозно ги искачува естрадните скалила. Кристина има многу успеси зад себе. Таа во 2018 во главниот град на Либан, Бејрут ја освои титулата Мис Европа, а пред само неколку дена ги освои титулите Best catwalk и Мис Талент во Турција. Има соработувано со најврвните фотографи од Македонија и Балканот, и со многу модни куќи.

Но, ако до сега нѐ освојуваше со својот шарм, сега Кристина Поп ќе нѐ освојува со својот прекрасен глас. Иако има направено неколку музички кавери, ова е нејзина прва авторска песна. Насловот на песната е „Никад доста“. Кристина се реши за песна на српски јазик, бидејќи планира својата музичка кариера да ја гради на ниво на Балканот.

Во спотот можеме да ја видиме во прекрасно, секси и провокатнивно издание, но истовремено дамски и женствено. Кристина во видео записот се појавува заедно со уште две наши прекрасни атрактивни манекенки, Бојана Нушкова и Андријана Илиоска.

Во некои кадри на Кристина и се придружуваат и две танчерки од групата Сонриса кои заедно со Кристина изведуваат сексипилен танц.

Позади музичата кариера на Кристина Поп стои Хепинес маркетинг. Текстот,музиката и аранжманот се на Темелко Андреев, додека видеото го сними Крсте Шупев а продукциски менаџер е Томислав С.Т. Спотот е снимен на неколку локации во Скопје, меѓу кои и покривот на Студентскиот дом Гоце Делчев и ресторанот за свадби Аликас. За облеката се погрижија Ива Спасовска Ателје и Лиска а за шминката се погрижи Нуртен.

Уживајте во ова аудио-визуелно ремек дело: