Кристијано Роналдо и Георгина Родригез пред два дена пристигнаа во Дубровник каде ќе останат неколку денови.
Португалецот и неговата девојка во Дубровник пристигнаа со приватен авион во сопственост на фудбалерот, а парот неуморно со фановите споделува како си поминува таму.
Веќе неколку денови се таму и откако Георгина се фотографираше во танга, овој пат Роналдо се пофали со фотографија на Инстаграм.
На фотографијата тој е по шорцеви истакнувајќи ги стомачните, а за неколку часа истата собра над 9 милиони лајкови.