Кристијан Греј ќе стане татко по трет пат

Кристијан Греј ќе стане татко по трет пат

Семејството на Џејми Дорнан и Амелија Варнер ќе се прошири за уште еден мал член. Славниот пар го очекува своето трето дете.

36-годишниот актер, познат како заводникот Кристијан Греј од „Fifty Shades of Grey“, и 36-годишната актерка и музичарка заедно имаат уште две мали ќеркички. Нивната поголема ќерка Долси има четири години, додека помалата има две години.

Неодамна Џејми зборуваше за татковството. „Да се биде татко е прекрасно. Среќата на нашите деца е силата која нè води мене и мојата сопруга. Родителството е најдоброто нешто што ми се случило мене, и нас. Тоа е екстремно радосна ситуација и секој ден станува сè подобра и подобра. Знам дека тоа е најважната улога во мојот живот“ – изјавил Дорнан.

Џејми отворено ја искажува љубовта кон својата сопруга и тврди дека секојдневно ѝ кажува колку ја сака. „Не постои ден кога не ѝ кажувам дека ја сакам“ – рекол тој.