Кристијан Ериксен ќе ја продолжи кариерата во Мадрид?

Кристијан Ериксен ќе ја продолжи кариерата во Мадрид?

Данскиот репрезентативец Ериксен од редовите на Тотенхем се чини летово ќе го напушти Лондон, а дестинацијата ќе биде Мадрид. Но на огромно изнендување тоа нема да бидат кралевите, туку градскиот ривал јорганџиите.

Атлетико Мадрид овој преоден рок ангажираше низа засилувања како Жоао Феликс, Љоренте, Фелипе, Ерера, Хермосо, Трипие, Лоди и Шапоњиќ, но овде нема намера да престане.

Голема желба на Чоло Симеоне е Хамес Родригез, но се чини нема време повеќе да го чека па се врти кон ново решение. Изборот паднал на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Долго време Хамес беше прва мета, но преговорите се одолговлекуваа, Реал не попушти и Атлетико полека ги крева рацете. Планот Б така стана план А, бидејќи Атлетико нема намера да плати 50 милиони евра за Хамес, но затоа се спремни да платат и повеќе за Ериксен.