Кристијан Дисингер потпиша две годишен договор со ракометниот клуб Вардар

Кристијан Дисингер потпиша две годишен договор со ракометниот клуб Вардар

Кристијан Дисингер е ново име во редовите на ракометниот клуб Вардар. Германскиот репрезентативец со црвено-црните потпиша две годишен договор.

Дисингер (203 см. висок) игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција. Тој е седмото засилување за Вардар сезонава.

Пред неколку денови Дисингер го раскина договорот со германски Кил каде настапуваше последните сезони. Со екипата на Кил го освои германскиот Куп, а исто така како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата на Германија го освои и бронзениот медал на летните олимписки игри во 2016 година. Со младинскиот тим на Германија го освои златниот медал на младинското СП 2011 година.

За екипата на Кил има одиграно 130 натпревари и постигнато 235 гола.