Кристапс Порзингис учествувал во улична тепачка!

Кристапс Порзингис учествувал во улична тепачка!

Кошаркарот на Далас Маверикс Кристапс Порзингис учествувал во улична тепачка во својата земја. Од неговиот клуб најавија дека ќе го истражат овој инцидент.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како Порзингис, пред еден ноќен-бар во Летонија е во расправија со неколку лица, со кои сака повторно да се тепа и како оттурнува една жена. На снимката се забележува дека над окото кошаркарот има повреда, која ја добил во тепачката.

Одделни летонски медиуми објавија дека во овој инцидент Порзингис се здобил и со фрактура на дланката.

Порзингис поради повреда воопшто не играше во штотуку завршената НБА сезона. Во февруари Њујорк Никс го испратија во Далас.