Криси Тиген со едномесечното синче беше на протестен марш

Криси Тиген со едномесечното синче беше на протестен марш

Криси Тиген го поведе новороденото синче на протестен марш.

32-годишниот модел го носеше едномесечниот Мајлс во марама додека држеше говор насочен против антиимигрантските политки на Доналд Трамп, со кои се овозможи на границата со Мексико да бидат разделувани деца и родители.

На маршот „Families Belong Together“ Криси потенцираше дека се гордее што е ќерка на имигрант и дека со нејзиниот сопруг Џон Леџенд ќе продолжат да бидат гласот на имигрантите.

„Неверојатно сум благодарна што сум ќерка на имигрант. Мајка ми порасна во мало село во Тајланд кое не дозволи никогаш да биде заборавено. Го обожаваме тоа што американската приказна е полна со луѓе кои доаѓаат од целиот свет за да пронајдат подобар живот тука…“

„Многумина ги демонизираат имигрантите како тие да крадат нешто од луѓето што се родени тука. Имигрантите не доаѓаат тука за да одземат нешто од нас. Тие придонесуваат за она што ја прави Америка посебна.“

„Да се издигне Америка не значи да се изградат ѕидови кои ќе ги држат луѓето надвор од неа, туку значи да се пресретнат соништата на имигрантите кои придонесуваат за нашата култура, за нашата економија и за нашето човештво. Да се направи Америка уште поголема дефинитивно не значи да се враќаат азилантите и да се киднапираат нивните деца за да се одвратат оттука.“

„Не можам да ја сфатам суровоста во срцата на оние кои ја потпишаа оваа политика, но знам дека не очекуваа дека ние ќе се обединиме на толку неверојатен начин и во толку неверојатен број за да се спротивставиме на ова. Јас и Џон ќе продолжиме да се појавуваме и да зборуваме, за да се увериме дека вашиот глас ќе биде слушнат“ – рече Криси.

На маршот беше присутна и мајката на Криси, која ја носеше малата Луна на рамената, како и Џон Леџенд, кој настапи за првпат со својата песна „Preach“.

Бројни славни личност, меѓу кои и Алиша Кис, Ејми Шумер и Америка Ферера, го поддржаа маршот.