Криси Тиген е стилска убавица во црвено

Криси Тиген е стилска убавица во црвено

Криси Тиген присуствуваше на премиерата на шоуто за комедијанти „Bring the Funny“, во кое е дел од судиите.

33-годишниот модел се појави на свечениот настан во црвено од глава до пети. Необичната креацијата која Криси ја носеше е спој од сако и фустанче на врзување.

Во својот стајлинг, популарната сопруга на Џон Леџенд додаде црвени сандали, впечатливи обетки-алки и црвен кармин.