Крис Прат потрошил 5.000 евра за момачка вечер

Крис Прат потрошил 5.000 евра за момачка вечер

Крис Прат неодамна ја запроси ќерката на Арнолд Шварценегер, Катерин, а момачката вечер која ја прославил во стриптиз бар потрошил 5.000 евра.

Како што пренесува британскиот „The Sun“ за него пристигнувале најскапиот шампањ и виски, а прославата била во познат лондонски клуб.

Извор за британските медиуми изјавил дека актерот ја искористил паузата за снимањето на филмот за да излезе со пријателите.

„Во еден момент на сцената се појави секси русокоса, стриптизета, која му се допадна. Почна да се разговара за неа, а во еден момент се пошегува дека ќе ја ожени“, вели извор за „The Sun“.

Прат неодамна се сврши со ќерката на Шварценегер, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија на која неговата партнерка го носи свршеничкиот прстен.