Крис Хемсворт ги собра сите погледи на плажата во Сиднеј

Крис Хемсворт ги собра сите погледи на плажата во Сиднеј

Австралискиот глумец Крис Хемсворт привлече големо внимание на плажата Бајрон Бич во Сиднеј, Австралија додека сурфаше, а тоа секако го документираа и папараците.

Згодниот глумец на себе имал само црн шорц, а фотографиран е како носи даска во едната рака и како сурфа. Хемсворт ги покажа своите сурферски вештини, но и мускулестото тело.

Тој се занимава со сурфање од многу одамна, уште додека ја снимаше серијата “Home & Away”, после што заминал во Холивуд, каде се стекна со слава и богатство.

35 годишниот Хемсворт е познат по улогата Тор во филмовите “The Avengers”, а во Бајрон Бич се преселил од Лос Анџелес кога го основаше семејството со сопругата Елса Патакај. Парот ја има 6 годишата ќерка Индија и 4 годишните близнаци Тристан и Саша.

Глумецот признал дека размислувал за ставање крај на актерската кариера откако “пресушиле” холивудските понуди после намалените улоги во Star Trek.