Крис Браун во документарец објасни зашто ја претепал Ријана

Крис Браун во документарец објасни зашто ја претепал Ријана

Целата светска јавност го осуди американскиот рапер Крис Браун кој ја претепа тогашната девојка. Овие денови тој снимаше документарец во кој објасни зошто ја истепа 29-годишната Ријана.

– Ја изневерив со нејзина соработничка. Ријана се сомневаше и ме испитуваше, но јас ништо не признавав. Таа вечер токму таа ни пријде на забавата по повод Grammy наградите. Ријана полуде, си ги зема работите и испадна од салата, изјавил Крис, а потоа додал дека пејачката почнала да вика и во автомобилот.

Му го барала мобилниот за види со кого се допишува. Во пораките нашла порака од таа девојка, која му напишала дека и таа ќе биде на Grammy наградите таа вечер.

– Многу се налути. Се туркавме, а таа ме удри, па јас ја гризнав за раката. И така започна се, изјавил раперот.

Крис беше осуден на шест месеци социјално корисна работа, а доби и пет години условна казна и забрана за приближување до Ријана на помалку од 50 метри.