Кралските снаи една до друга блеснаа на божиќната миса

Кралските снаи една до друга блеснаа на божиќната миса

Католиците денеска го празнуваат Божиќ па токму затоа Британското кралско семејство утрово ја посети црквата Св. Марија Магдалена каде беше дел од традиционалната божиќна миса.

Сосема очекувано, сето внимание беше насочено кон бремената војвотка, Кејт Мидлтон и идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл.

Маркл е првата свршеница која му се придружила на кралското семејство за време на мисата, па се потруди да и се претстави на јавноста во полн сјај. Бремената Кејт пак, вешто го сокри стомачето под карираниот капут и рака под рака со принцот Вилијам ги отпоздрави присутните.