Кралицата Летиција во еднобојно црвено деловно издание

Кралицата Летиција во еднобојно црвено деловно издание

Кралицата Летиција присуствуваше на доделувањето на наградите на Фондацијата „Princesa de Girona“.

46-годишната припадничка на шпанското кралско семејство се истакна во деловно издание во културниот комплекс „Сан Франциско“ во Касерес, Шпанија. Еднобојниот стајлинг вклучуваше црвен костум од Роберто Торета и обувки од Варела. Наградите им беа доделени на млади претприемачи кои реализирале проекти коишто поттикнуваат интеграција на маргинализирани групи или на групи кои се во ризик од ексклузија.