Кралицата Елизабета во самоизолација

Кралицата Елизабета во самоизолација

Кралицата Елизабета одлучи заедно со сопругот Филип, до крајот на пандемијата од коронавирусот да биде во дворецот Виндзор во самоизолација.

„Таа се чувствува добро, но јасно е дека е најдобро да се тргне навреме. Последните неколку денови се сретна со многу луѓе, а притоа наскоро ќе наполни 94 години“, вели извор близок за кралското семејство.

Самата таа припаѓа на ризичната група, а притоа стравува и за здравјето на своите најмили и здравјето на своите граѓани.