Кралицата Елизабета го прослави својот роденден, следи прослава на уште еден

Кралицата Елизабета го прослави својот роденден, следи прослава на уште еден

Само два дена пред да се роди нејзиниот правнук, кралицата Елизабета втора го прослави својот 92 роденден, но секако ова е повод таа овој роденден да го прослави уште еднаш во јуни- тоа е така бидејќи таа има два родендена.

Службениот роденден обично се прославува втората сабота од јуни, а сигурно се прашувате и зошто кралицата има два родендена и како ги прославува?

Во Британија родендените на кралевите или кралиците наназад веќе 250 години не се слават на вистинскиот ден кога се родени тие, а традицијата на дупли родендени ја започнал кралот Џорџ втори во 1748 година кој е родил во ноември кога временските услови секогаш се лоши.

Кралот сакал голема јавна прослава, но во ноември тоа никогаш не можело да се случи бидејќи неговиот роденден секогаш се паѓал во „лош“ месец, па затоа се одлучил секоја пролет кога времето е убаво да организира јавни паради по повод неговиот роденден.

А со ова започнала традицијата на прославување на службени родендени секогаш во пролет.