Крадецот кој ја ограби Ким Кардашијан во Париз и напиша писмо

Крадецот кој ја ограби Ким Кардашијан во Париз и напиша писмо

Помина година дена од кога Ким Кардашијан претрпе голема траума во текот на вооружен грабеж во Париз.

Виновниците за среќа се уапсени, а Аомар Аит Кедаче сега како што се ближи судењето, одлучил на Ким да и испрати писмо на кое и се извинува.

Како известуваат странските медиуми тој на Ким и испратил писмо напишано на француски, а нејзините адвокати подоцна го превеле.

Откако ги согледав вашите емоции и ги сфатив психолошките оштетувања кои ви ги нанесов, одлучив да ви пишам. Сакам да ви се обратам како човечко суштество и да ви кажам колку жалам поради мојот гест и колку ме вознемири тоа што ве видов во солзи. – пишува во писмото

Странските медиуми известуваат дека Ким не верува во ниту еден негов збор и не планира да им прости на луѓето поради кои помина низ пекол. Смета дека тоа писмо е испратено како би стекнал симпатии пред судењето.