Кошаркарот на Вашингтон Визардс позитивен на допинг тест

Кошаркарот на Вашингтон Визардс позитивен на допинг тест

НБА лигата му изрече драконска казна на кошаркарот на Вашингтон Визардс, Џоди Микс кој е суспендиран со дури 25 натпревари поради кршење на Анти допинг правилата.

Имено, 30 годишниот кошаркар бил позитивен на Ипаморелин и на хормонот за раст познат како ГХРП-2, а казната ќе стапи на сила од утрешниот натпревар помеѓу Вашингтон и Торонто.

Микс кој е резервна опција за Бредли Бил планира да поднесе жалба на одлуката на Националната кошаркарска асоцијација на САД. Сепак, што и да се случи тој нема да биде во можност да му помогне на тимот во натпреварите од плеј-офот.

Зборувавме со Џоди и тој не информираше дека заедно со неговиот агент ќе поднесат жалба на одлуката. Ќе оставиме процесот да тече и нема да даваме дополнителни коментари околу оваа тема со што ќе останеме фокусирани на плеј-офот – коментираше генералниот менаџер на Вашингтон, Ерни Гранфилд.

Испитувањата врз неколку играчи на Вашингтон Визардс биле извршени на 3. април, а единствено забранета супстанца била пронајдена кај Џоди Микс.