Кортни Кокс наполни 54г. и има желба да му роди дете на својот партнер

Кортни Кокс наполни 54г. и има желба да му роди дете на својот партнер

Кортни Кокс влезе во шестата деценија од животот, а се што сака е на својот вереник Џони МекДаид да му роди дете, и е многу сериозна во таа своја намера, но моментно е преокупирана со подготовките на венчавката, која ќе се случи во Калифорнија.

„Морам да бидам физички привлечна за спротивниот пол но не можам да бидам со некој само поради добриот секс. Со оглед на тоа што оргазмите не траат доволно долго“, рече познатата актерка,

Американската актерка досега сними повеќе жешки сцени за серии, но не сака кога мора да води љубов со непознат маж.

„Тоа ниту е секс, ниту е возбудливо, но јас верувам на својата екипа, па знам дека ќе ме снимаат така, да ми биде удобно. Актерите, исто така, се внимателни и полни со почит, изјави актерката која иако е влезена во шестата деценија од животот сака повторно да стане мајка, но сега да добие дете со својот вереник, кој е 13 години помлад од неа.“

Кортни веќе има ќерка Коко, која ја роди во 39. година, со поранешниот сопруг Дејвид Аркет.

Кортни пред околу пет години откри дека има генетска мутација поради која нејзиното тело не апсорбира хранливи материи како што треба, ниту се чисти од токсини, што предизвикало компликации во бременоста.