Кортни Кардашијан во врска со старо-нова љубов

Кортни Кардашијан во врска со старо-нова љубов

Познатата старлета Кортни Кардашијан старата година ќе ја заврши како зафатена жена и тоа во врска со една своја стара љубов.

Но, доколку прво помисливте дека се работи за таткото на нејзините деца Скот Дисик, ќе се разочарате. Станува збор за Јунес Бенџима кој е помлад од неа дури 14 години.

Двајцата се запознале на Париската модна недела 2016, а кратко потоа започнале врска во која беа се до август 2018. Дека повторно се заедно, суптилно потврдила Кортни на својот Инстаграм во галеријата фотографии со семејната прослава за Божик.

Кортни и Јунес позираат прегрнати пред големата новогодишна елка, а дека навистина се смириле потврдил и извор близок до старлетата за магазинот People, но не открил ниту кога, ниту како.