Конкурс за демо рап песна

Конкурс за демо рап песна
Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти. Со овој повик сакаме да го помогнеме развојот на домашната сцена и да им дадеме простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства.
Ако сте еден од избраните бендови или артисти ќе добиете:
-парична награда од 250 евра;
-професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за вашата песна во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy).
Што треба да направите?
-Изберете било каква музика (ваша или рандом музичка подлога), напишете свој текст и снимете го вашиот рецитал;
-Вашата снимка со времетраење од максимум 90 секунди може да ни ја пратите на два начини: како mp3/wav формат директно на е-mail, или на вашиот Facebook/Instagram профил, со користење на хаштагот #РапДемо2020 и таг на @centarjadro во вашиот пост;
– Ако ни праќате на e-mail, покрај демо снимката, треба да ни ја испратите и вашата кратка биографија, фотографија и контакт најдоцна до 8 ноември 2020г. на нашата адреса: centar.jadro@gmail.com со назнака „РапДемо2020“.
-Може да направите пост-продукција на вашата демо снимка, но може да ни ја пратите и без никаква обработка, само бидете сигурни дека квалитетот на снимката е добар;
– Доставете песна што најдобро ве претставува вас и вашата музичка визија;
Ги охрабруваме сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере 6 песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка.
Важно:
1. КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки;
2. КСП „Центар-Јадро“ ќе ги објави сите 6 песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми;
3. Демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани.
Пријавите можат да бидат најдоцна испратени до 8 ноември 2020 година. Ако имате некое прашање, може да ни пишете на нашиот мејл: centar.jadro@gmail.com
Конкурсот е реализиран со поддршка од Амбасадата на Швајцарија во РСМ.