Конечно фотографии од роденденската прослава на Џенифер Анистон

Конечно фотографии од роденденската прослава на Џенифер Анистон

Џенифер Анистон го прослави 50 роденден со голема забава на која присуствувале бројни холивудски ѕвезди, па дури и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Меѓутоа, како што пишуваат американските медиуми, ѕвездата на “Пријатели” на гостите исклучително им забрани на социјалните мрежи да објавуваат фотографии, па во јавност можеа да се забележат фотографии кои се снимени од папараците додека гостите пристигнувале.

Но, глумицата Кејт Хадсон сепак одлучи да го прекрши правилото на Џенифер и на својот Инстаграм профил објави фотографии на кои позира со славеничката и со Гвинет Палтроу. Фотографиите ги објави во вид на GIF и напиша:

“Ги обожувам овие дами. Ја славевме оваа убавица вчера. Среќен роденден Џ.А. Сите те сакаме многу!”.

Дали со оваа објава Џенифер се налути или сепак доби дозвола за објавување, не е познато.

Инаку, на забавата биле присутни и Амал Клуни, Џорџ Клуни, Рис Витерспун, Деми Мур, Елен Диџенерис, Барбара Стрејсенд, Лиса Кудроу, Кејти Пери, Орландо Блум, Сандра Булок и многу други.