Конечно е откриено зошто Меланија е се уште со Доналд Трамп

Конечно е откриено зошто Меланија е се уште со Доналд Трамп

Многумина се прашуваат зошто прекрасната Меланија Трамп се уште е во брак со Доналд Трамп, особено по приказните дека тој јаизневерувал.

Како што пишува „Холивуд лајф“, причината поради која првата дама на Америка не сака да се разведе од сопругот е нивниот син Барон. Наводно Меланија на сопругот е бесна меѓу ѕидовите на Белата куќа, но, смета дека разводот тешко ќе му падне на нивниот син.

– Сите кои мислат дека Меланија ќе бара развод, грешат. Нејзиното останување во бракот не е знак на слабост, таа е фокусирана на синот и на неговата добросостојба. Таа верува дека стабилното семејно опкружување, колку што е можно во овие околности, е најдобро за него – рекол извор.

Особено затоа што последната година, откако неговиот татко стана претседател на САД, била многу тешка за момчето кое одеднаш се најде опкружено со папараци и под будното око на јавноста.

Меланија со право верува дека медиумската експонираност би ескалирала ако се одлучи на развод, што само би му наштетило на Барон. Поради тоа и понатаму останува во брак со Доналд Трамп, пишуваат американските медиуми.