Конечно долгоочекуваниот “The Irishman”

Конечно долгоочекуваниот “The Irishman”

Со нетрпение го очекувавме долго најавуваниот фил на Мартин Скорсезе кој своето деби го имаше во Њујорк минатата недела.

Филмот кој ги спои култните Роберт Де Ниро, Ал Пачино, Џо Пеши и уште многу други актер важи за најскап филм на овој култен режисер кој ма направено голем број на ремек дела.

Филмот е направен според книгата „I Heard You Paint Houses“ на Чарл Брант, каде се раскажува приказна за исчезнувањето на синдикалниот лидер Џими Хофе, кој го глуми Ал Пачино, во 1975-та година.

За потребите на филмот е користена технологија која го подмладила славните глумци за едно 30-на години.

Токму поради тоа, многу од филмските студија одбиле да го продуцираат овој филм. Меѓутоа Netflix на крајот го поддржал Скорсезе со 125 милиони долари.

Премиерата на филмот на Netflix ќе биде на 27-ми ноември.