Кончита Вурст со нов имиџ

Кончита Вурст со нов имиџ

Кончита Вурст непрекинато привлекува внимание и експериментира со својот изглед.

Музичката ѕвезда, чие вистинско име е Томас Том Нојвирт, победи на Евровизија во 2014 година. Во тоа време, Кончита имаше долга коса и црна брада.

Денес, Вурст има бела брада и бела кратка коса, а се збогува и со гламурозните фустани и шминката. Со новиот имиџ Кончита се појавува во својот нов спот.