Колку заработуваат Кардашијанки со една објава на Инстаграм?

Колку заработуваат Кардашијанки со една објава на Инстаграм?

Крис Џенер одлучила првпат да проговори за деловното царство кое го изработила во последните 15 години.

Мајката и менаџерка на Ким, Кортни, Клои Кардашијан и Кендал и Кајли Џенер, се согласила на интервју за „CBS Sunday Morning“, во кое зборуваше за успехот кој го постигнаа нејзините ќерки во продажба на козметика и облека и во платено рекламирање на туѓи производи.

„Моите ќерки постојано добиваат понуди да објават реклама на некоја кампања, бренд или социјална мрежа. Секоја од нив има надомест кој го бара за објава на Инстаграм, Инстаграм-стори, за Фејсбук. Имаат цела табела за надомест за реклами“, рекла Крис.

Бидејќи сите девојки од кланот Кардашијан-Џенер имаа милиони следбеници на социјалните мрежи, јасно е дека од потенцијалните клиенти можат да бараат и прилично големи износи.

„Дефинитивно тоа се суми од шест-цифрени броеви“, открила Крис, додавајќи дека износот зависи од тоа што го рекламираат, но и од тоа која ќе ја објави рекламата. Имено, Ким, Клои, Кајли и останатите, немаат ист ценовник.

Поголеми суми наплаќаат за рекламирање на „фармацевтски производи и производи кои се пијат или се ставаат на телото“.

Со оглед на тоа дека последните месеци, Клои, Ким и Кортни се најдоа на удар на критики поради промовирање на чаеви и шејкови за детоксикација, што содржат состојки кои агенцијата за храна не ги одобрила, јасно е зошто за такви објави бараат повеќе пари.

Крис зборувала и за својот приватен живот, односно за односот со Кејтлин Џенер. На прашањето дали се во контакт, одговорила: „Не, не сме во контакт. Децата се. Тие се ОК со тоа“, рекла таа.