Колку смарт телефони имаат продадено Samsung и Apple досега?

Колку смарт телефони имаат продадено Samsung и Apple досега?

Двата гиганти во светот на технологијата и паметните телефони, објавија дека ја надминале бројката од две милијарди испорачани уреди.

Главниот извршен директор на јужнокорејски Samsung, ДиЏеј Кох откри дека компанијата досега успеала да продаде повеќе од две милијари паметни телефони од серијата Galaxy од 2010-та година кога прв пат биле пуштени во продажба.

Досега од Samsung не излегуваа со такви податоци, но Кох одлучи да ја прекине традицијата за време на претставувањето на 10-та генерација на Galaxy S паметните телефони, како и првиот флексибилен телефон на компанијата, Galaxy Fold.

Сепак, Кох не откри што спаѓа во таа бројка, иако е речис сигурно дека треба да се смета на моделите од линиите Galaxy S и Note. Но, треба да се истакне дека тоа не се единствените паметни телефони на Samsung – тука се и телефоните од линијата Galaxy A, C, J и M, како и други.

Како и да е, факт е дека станува збор за огромен број на уреди. Само за споредба, од Apple уште во септември минатата година открија дека компанијата продала речиси 2 милијарди уреди со оперативен систем iOS, а со оглед на тоа што во полн ек е продажбата на новите модели на iPhone, јасно е дека бројката е достигната и надмината.