“Коктел од лубеница” рецепт по кој ќе го запамтите летото!

“Коктел од лубеница” рецепт по кој ќе го запамтите летото!

Доколку сте во потрага на оригинален коктел, којшто ќе чини малку, а го има оној освежувачки летен вкус, тогаш ние го имаме вистинскот рецепт за Вас.

Овој “коктел од лубеница” се состои од зелен лимон, текила и желатин со вкус на јагода, а малите семки коишто можат да се забележат на површината се всушност црн сусам.

Погледнете како се прават овие оригинални шотови од лубеница:

Подготовка :

1. Желатинот измешајте го во вода, почекајте тој целосно да се раствори, а дури потоа додадете ја текилата и промешајте.

2. Зелениот лимон исечете го на еднакви половини, потоа исчистете ги од внатрешната содржина за да остане само белата кора.

3. Сипете ја смесата во така приготвените половини лимон и оставете ги во фрижидер. После 4 часа смесата ќе биде стегната и подготвена за консумирање.