Кока Кола официјално е најголем светски загадувач со пластика

Кока Кола официјално е најголем светски загадувач со пластика

Кока-кола се појави како најголем загадувач на пластика во светот, според новата ревизија од „Break Free From Plastics“. 72.000 доброволци од целиот свет пребаруваа низ улиците и плажите во потрага по пластичен отпад и пронајдоа неверојатен износ што потекнува од оваа компанија. Од 75.000 вкупно собрани отпадоци, 11.732 припаѓале на Кока Кола.

Nestle, PepsiCo и Mondelez International (компанија која ги содржи Sour Patch, Toblerone) беа следните најголеми загадувачи. Кока-кола го водеше загадувањето во повеќето региони, најпрво во Африка и Европа, а потоа во Азија и Јужна Америка. Nestle и компанијата Solo беа првите два загадувачи во Америка.

Кока-кола изјаву дека секое нивно пакување завршува во океаните или каде било што не припаѓа – е неприфатливо за нас. Во партнерство со другите, ние работиме на решавање на ова критично глобално прашање за да сопре пластичниот отпад кој завршува во океаните и да се намали загадувањето.

Во октомври, компанијата го претстави првото шише направено од рециклирана пластика.