Која вртоглава сума ќе ја заработува Хеунг-мин Сон?!

Која вртоглава сума ќе ја заработува Хеунг-мин Сон?!

Хеунг-мин Сон максимално го користи отсуството на Хари Кејн од тимот на Тотенхем.

Репрезентативецот на Јужна Кореја веќе има постигнато 16 гола оваа сезона. Челниците на Тотенхем размислувале да му ја покачат плата, како награда за она што го прикажува на теренот.

Сон, минатото лето, потпиша нов пет годишен договор, според кој неделно заработува 110.000 фунти.

На крајот од сезоната платата ќе му биде покачена на 150.000 фунти неделно, колку што заработува и Деле Али.

Сон во Тотенхем пристигна во 2015 година, претходно тој играше во Бундес лигата во ХСВ и Баер Леверкузен.