Која опција ја има Левандовски?

Која опција ја има Левандовски?

Полскиот репрезентативец, Роберт Левандовски низ изминативе години се промовираше себеси во еден од најдобрите светски напаѓачи и голгетери, во „деветка“ која секој клуб и тренер би сакал да ја има во своите редови.

Резултат со слика за левандовски

Меѓутоа од 2014 па се до денеска во неговото знаење и квалитет ужива германскиот гигант Баерн Минхен иако постојано има гласини за некаков трансфер и преселба во Реал Мадрид. Медиумите одново во изминатиов период пренесуваат оти Лева е на летниот список на Флорентино Перез кој сака да ја освежи напаѓачката линија.

Ама овие информации и гласини по се изгледа не допираат до Левандовски кој во овој момент размислува само за една опција-да биде што подобар и покорисен за Баерн.

Резултат со слика за левандовски

– Во овој момент не се грижам за тоа. Ако размислувам за шпекулациите како играч на Баерн тоа нема да биде добро за мене затоа што нема да се фокусирам на мојата работа. Јас сум играч на Баерн и тука секам да дадам се од себе – порача Роберт за „Кикер“.