Која музичка ѕвезда ќе го отвори Светското првенство во Русија?!

Која музичка ѕвезда ќе го отвори Светското првенство во Русија?!

Роби Вилијамс ја има честа оваа година да пее на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ веднаш пред натпреварот помеѓу домашната селекција и Саудиска Арабија.

Роби Вилијамс ќе биде придружуван од руската сопрано пејачка Аида Гарифулина, а на теренот ќе биде и легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

Славниот пејач истакна дека е среќен и возбуден поради тоа што ќе пее на отворањето на ова големо натпреварување и посочи дека ова претставува остварување на детските соништа. Поранешниот член на групата „Тејк Дет“ е голем вљубеник во фудбалот и редовно е гостин на големите фудбалски збиднувања. Во текот на вчерашниот дек Вилијамс ја предводеше селекцијата на Англија на „Олд Трафорд“ во натпревар со хуманитарни цели на кој настапуваа и Јусеин Болт, Мо Фарах, Ерик Кантона и уште многу други ѕвезди од областа на спортот.