Која е тајната за убавото и привлечно тело на Лима?

Која е тајната за убавото и привлечно тело на Лима?

Преубавата бразилската убавица Адриана Лима уште во периодот после својата прва бременост покрена бран на ентузијазм кога само два месеци по породувањето се појави на модната ревија на брендот Victoria’s Secret се појави во одлична форма.

Од тогаш се до денес се зборува за диетата по која Лима се придржува и го одржува своето тело во совршена кондиција. Имено, таа се придржува кон високопротеинска исхрана и вели дека тоа е најдобриот избор за да се одржи фит и здраво тело.

Диетата се базира на исхрана со висок процент на протеини (многу протеини, малку масти и малку јаглени хидрати). Целта на диетата не е ограничување на количината на внесената храна или броење калории. Токму спротивното, ви овозможува при секој оброк да се најадете до ситост, но сепак ефикасно да ги отстраните вишокот килограми, кои ви се акумулирале за време на нездрава исхрана.

Адриана прави комбинација од разни протеински шејкови. Исто така јаде исклучиво зелени зеленчуци, на скара или варени. Вообичаено за ручек и вечера јаде месо или риба со зеленчук. На секои три часа помеѓу главните оброци пие шејк или јаде протеински барови. Во нејзината диета фокусот е ставен на зелениот зеленчук и на сите продукти богати со протеин.

Нејзината диета е базирана на исклучително ниско ниво на јаглехидрати, речиси и воопшто да ги нема. Таа изјавува дека со овој начин на исхрана се чувствува многу подобро и поздраво. „Доколку јадам чоколадо или некој млечен продукт, потоа се чувствувам подуено. Честопати храната која содржи јаглехидрати ми прави да се чувствувам отечено.“ Таа вели дека е многу важно да се внимава на чувството кое ви го создава секој тип на храна. Високопротеинската диета која ја практикува во моментов и прави да се чувствува најдобро досега.