Која е првата љубов на Буфон во фудбалот?

Која е првата љубов на Буфон во фудбалот?

Јувентус на градското дерби против Торино кое се игра оваа недела ќе се обиде да се опорави од шокот кој го доживеа од Тотенхем во вторникот во Лигата на шампионите, натпревар кој покрај враќањето на Англичаните од загубена ситуација, донесе и големи критики за Џанлуиџи Буфон.

Искусниот чувар на мрежата со една своја лоша проценка наиде на критики од јавноста, но и од една жестока провокација од Басер кој му порача на Буфон дека веќе одамна требал да биде во пензија. Како и секогаш, Џиџи, не обрнува големо внимание на ваквите пораки, но затоа во гостувањето на „Маурицио Контанцо шоуто“ во телевизијата „Медиасет“ немаше проблеми да призна дека во минатото бил фан и на Интер поради својот најголем идол.

– После неколку години во кои навивав за Јувентус, тим за кој навива целото мое семејство, јас се заљубив во Трапатони. Обожавав се што е поврзано за него, начинот на кој свиреше од клупата за мене како дете тоа беше фантастично. Тој имаше неверојатен карактер и беше сакан од цела Италија. Тој беше во Интер едно време и јас во тоа време го следев и навивав за Интер, – открива Буфон кој исто така додава дека негова прва љубов како дете била Џенова.

– Кога почнував да растам, јас ја фаворизирав Џенова, тоа е тим за кој отсекогаш сум имал одредени симпатии, а така е и денес. Исто така, има и други мали тимови кои ми беа симпатични како Пескара на Галеоне, Фоџа на Земан и Авелино. Ги сакав малите тимови бидејќи сакав и они да си ги остварат своите соништа, – додава Џиџи.