Која е преубавата Изабела Ракониќ ?

Која е преубавата Изабела Ракониќ ?

Харизматичната и преубава хрватица Изабела Ракониќ веќе шест години мами обожаватели на својот блог The Pile of Style, како и на Instagram каде ја следат повеќе од 150 илјади лица.

Популарната хрватска блогерка, којашто студира право, е редовна посетителка на светските модни, спортски и културни настани од каде споделува фотографии на својот профил. Изабела неодамна се врати во Загреб од Кан, каде имаше можност да присуствува на неколку проекции кои беа дел од Канскиот филмски фестивал.

Кога станува збор за стилот, таа вели дека не сака да се ограничува, бидејќи сака да експериментира. Погледнете дел од нејзините фотографии: