Која е најпопуларната игра за паметни телефони?

Која е најпопуларната игра за паметни телефони?

И покрај многуте нови наслови на игри што дебитираа последниве месеци, некои, постари,  сè уште се меѓу најпосакуваните за корисниците.

Меѓу нив е и Subway Surfers, кој според Golden Casino News е најпопуларна игра за мобилни телефони за третиот квартал од 2019 година, пишува AndroidHeadlines.

Статистиката покажува дека оваа игра биле преземена повеќе од 2,5 милијарди пати. Играта, која сега е стара околу седум години, продолжува да биде од голем интерес. Исто така, таа располага со 22,58% од пазарот само кога станува збор за игри на Google Play. Вкупно, трите најпопуларни игри имаат околу 55%.

Во првите три се Candy Crush Saga и Temple Run 2. Candy Crush Saga е втора со 1,34 милијарди преземања. За пет години од своето постоење, таа создаде профит од околу 6,37 милијарди американски долари. Аналитичарите очекуваат пазарот на мобилни игри да расте. GCN проценува дека вкупниот приход од мобилни игри ќе достигне 100 милијарди американски долари годишно во 2021 година.