Која е Карди Би, музичката ѕвезда на 2017 година?

Која е Карди Би, музичката ѕвезда на 2017 година?

Најголемата нова ѕвезда за 2017 година која зборува за тоа колку е важен феминизмот, за својот прв настап во стриптиз бар, како и за успехот кој го доживеа преку ноќ е Карди Би која зборуваше за својот живот и сними црно бела фотосесија.

Таа исправено седи на мал кревет. Пред неа има масичка на која се поставени “харибо” бонбоните, шише Моет, отворена лименка од Фанта. Фототсесијата се снимаше во хотелот Александар Палас, кој се наоѓа во најдалечниот, најмрачниот и најсеверниот дел на Лондон.

Целото нејзино тело е покриено со тетоважи. Носи чизми до колена, морнарска капа и сино-бел корсет украсен со дијаманти кој едвај го прекрива нејзиното меѓуножје. “Ја сакам мојата вагина”, извикала во еден момент. Кога зборува најчесто ги нагласува буквите скр и кр како и што е препознатлива по изразите кои ги прави со лицето. Карди Би нема влакна на јазикот и моментална таа е една од најискрената и најконтроверзната личност во Холивуд.

Таа е спонтана, воопшто не се грижи за тоа што ќе направи или каже, а многу гордо зборува за стриптизот, насилните банди и вагините. Но, таа е многу повеќе од секси типка со тетоважи. Таа е паметна, духовита и многу бистра.