Која е Донатела Версаче?

Која е Донатела Версаче?

Донатела Версаче, која со години е најмоќната жена во светот на модата, откри како една од најголемите модни империи ја одржува на врвот.

Во палатата Версаче сè е украсено со знакот “медуза”, кожните столици се уркасени со големи злани “медузи”, шољите за еспресо се украсени со мали “медузи”, а вработените носат каиши со копчина во форма на “медуза”. Тој детаљ буквално е распространет низ цела палата, на подовите, на прозорците, огледалата, тоалетите.

Палатата се наоѓа во Милано, во зграда од 18 век, каде се наоѓа двособниот стан кој му припаѓаше на покојниот Џани Версаче. Токму на тоа место, Донатела го направи интервјуто за магазинот “GQ”, додека во позадина свиреше песната “White lines”, што било малку неприкладно со оглед на тоа дека 18 години била зависник од кокаин, сè додека Елтон Џон во 2005 година не ја присилил да замине на рехабилитација.

Во почетокот на 2018 година името Версаче повторно постојано се споменуваше и тоа поради неколку причини. Барокната шара која ја прославија повторно е ултимативен хит, а ТВ серијата “Убиството на Џани Версаче” ги заинтригира луѓето ширум светот да дознаат нешто повеќе за италијанското семејство.

Иако додека позира дава впечаток на “студена дама”, таа е вусшност срдечна и опуштена. Зборуваше за зависноста од еспресо (пие осум шољи на ден), филмот “I, Tonya”, кој ја воодушеви и вистинскиот крој за машка маица (кој не е премногу широк). Таа ја исмеваше својата опсесија со стомачните мускули и раскажа за тоа дека иако спие на спратот над теретаната, сепак слегува со лифт за да вежба и повторно се враќа со лифт.

Вели дека обожува да го чита Џорџ Сандерс и дека ја интересираат моменталните политички ситуации како и движењето #MeToo.

“Што се однесува до сексуалното насилство, оваа земја (Италија) и понатаму не сака гласно да се изјасни. Тоа и понатаму е табу тема. Еве што се случува на суд. Жената вели: “Оваа личност ме силуваше”, а судијата и сите останати веднаш ја прашуваат како била облечена и дали носела мини здолниште. Како да сме во 1940 година”, вели Донатела.

Донатела е импулсивна личност, која се наслонува на своите инстинкти, за разлика од нејзиниот брат. Џани Версаче бил интелектуалец, студирал архитектура, си легнувал рано и поседувал премногу книги, поради кои вработил и библиотекар. После неговата смрт, дошло време кога Донатела требало да ја преземе фукцијата, но тоа не било лесно. Таа секогаш била советник и негова муза, додека и пред неговата смрт немала никкава функција во фирмата. За неа притисокот бил огромен, но сепак после 21 година ја гледаме Донатела како креативен директор и претседател на една од најмноќните модни куќи.

“Доаѓаа голем број луѓе кои ми говореа дека морам да ги следам чекорите на Џани и дека тој знаел што прави. Но, длабоко во себе не бев сигурна дека морам да го следам неговиот стил. Правев многу грешки. Со текот на годините грешев, а не се ни сеќавам што имав добро направено”, вели Донатела за првите креации кои ги дизајнирала додека се справувала и со дрогата во истиот период.

Брендот Версаче моментално го носат речиси сите славни лица и никогаш не отстапи од сопствениот стил. Колекциите се менуваат од сезона во сезона, но секогаш зрачат со иста енергија.